Согласно планот и програмата за одбележување на 15-ти Април, денот на Командата за обука и доктрини, денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа и новодојдените војници на доброволно служење на воен рок.
Ова е прва од серијата акции за доброволно дарување крв која Командата за обука и доктрини планира да ги реализира оваа календарска година, година во која АРМ ја одбележува јубилејната 25 годишнина од нејзиното формирање.