На 08.04.2016 година во Командата за обука и доктрини (КОД) успешно се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Оваа активност претставува уште еден показател на успешната соработка со Црвениот крст на Република Македонија и со Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата за доброволно дарување на крв е дел од предвидените активности кои треба да го одбележат денот на единицата „15 април – Ден на Командата за обука и доктрини“.
Припадниците на КОД од касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ од Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа и новодојдените војници на доброволно служење на воен рок.