Главниот подофицер од Националната гарда на Вермонт главен наредник Форест Глаџет одржа предавање за питомците од IV година од Центарот за обука на питомци во касарната „Гоце Делчев“ Скопје.
Главниот наредник го придружуваа еден офицер и двајца подофицери од Националната гарда како и главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски. Тема на предавањето беше „Улогата на главниот подофицер и односите помеѓу главениот подофицер и командантот“.
Со предавањето питомците имаа можност да се запознаат со односите помеѓу главниот подофицер и командантот, офицерот и подофицерот и нивната меѓусебна соработка. Посебно се истакнаа местото и улогата на главниот наредник во баталјон и во Националната гарда на Вермонт. Низ предавањето, наредникот Глаџет ги нагласи искуствата од соработката помеѓу офицерите и подофицерите за време на мисиите во Авганистан при што особено се заблагодари на досегашната соработка со офицерите и подофицерите на АРМ за време на мисиите.
Во рамките на предавањето главниот подофицер на АРМ главниот наредник Драган Стојановски ги запозна питомците со местото, улогата и значењето на подофицерите во редовите на АРМ.