На ден 31.12.2014 година во вечерните часови, градоначалникот на Велес г-дин Славчо Чадиев по повод новогодишните празници ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои се работно ангажирани како дежурни органи за внатрешна служба во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес.
Честитајќи им ја Новата 2015 година, градоначалникот на Велес г-дин Славчо Чадиев на лицата кои за време на новогодишното празнување ја извршуваат работната обврска, им врачи пригодни подароци и им посака многу успех во извршувањето на задачите во наредната година.