На 31 Октомври 2013 година во Командата за обука и доктрини се реализира посета од страна на инспекторски тим согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекторскиот тим составен од тројца инспектори од ВС на Швајцарија и еден претставник од ВС на Обединетото Кралство го предводеше полковник Томислав Ризески од одделението за контрола и верификација на вооружувањето од Секторот за меѓународна соработка во МО на РМ
Инспекторскиот тим беше пречекан од Командантот на КОД полковник Љупчо Костовски и главниот координатор на активноста Началникот на Штаб полковник доц. д-р Зоран Јовановски.
Пред присутните во командата се реализира брифинг за КОД според Виенскиот документ кој ја содржи организациско формациската структура на КОД, кратка историја на единицата со локацијата што ја опфаќа КОД и мисијата што ја извршува со нејзината расположлива инфраструктура.
При тоа беа разменети искуства и видувања за понатамошниот период.