Во Центарот за симулации, во Командата за обука и доктрини, се реализираше четвртата по ред и последна за оваа година, компјутерски асистирана вежба (Computer Assisted Exercise – CAX) – „Засилен механизиран пешадиски баталјон во одбрана“ со припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон.
За успешна реализација на оваа вежба и претходеше обука на оператори на JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) симулациска платформа, со инструктори од Центарот за симулации.
Центарот за симулации во рамките на Командата за обука и доктрини може да понуди обука и симулациски вежби на високо ниво како и современите армии, каде единиците и штабовите ќе ги извежбуваат штабните процедури за донесување на одлуки и како тие ќе влијаат на крајниот исход на борбените и не борбени дејства на единиците во реално време, на реален терен во однапред дефинирана оперативна рамка.
С/Г