Во Центарот за симулации, во Командата за обука и доктрини (КОД), во периодот од 11.02 до 13.02.2019 година реализирана е компјутерски симулирана вежба на JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) со припадниците од инженерискиот баталјон, од 1.механизирана пешадиска бригада, од Здружената оперативна команда.
Согласно годишниот план на Центарот за симулации во рамките на КОД, праксата за организација на симулациски вежби со единиците на АРМ ќе продолжи и во иднина, со цел да што повеќе единици се обучат и оспособат во реализација на вежби од таков карактер, каде единиците и штабовите ќе ги извежбуваат штабните процедури во процесот на донесување на воени одлуки (ПДВО) и како истите ќе влијаат на крајниот исход на борбените и не борбени дејства во реално време, на реален терен во однапред дефинирана оперативна рамка.
Д/З