Денес, во Командата за обука и доктрини, согласно Годишниот план и програмата за реализација на крводарителски акции, а во пресрет на 15 април- Денот на Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на Командата за обука и доктрини, со доследна претпазливост кон мерките за заштита пропишани од Владата за справување со вирусот COVID-19, уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и придонесоа во збогатувањето на крвните единици во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст.