Во периодот од 31.03 до11.04.2014 година во Центарот за индивидуална обука во состав на Командата за обука и доктрини се одржува Курс за ракувачи на материјални средства. Слушатели на курсот се подофицери на должност ракувачи на материјални средства (МС) од командите и единиците на Армијата на Република Македонија.
Обуката се реализира согласно Планот и програмата за Курс за обука на ракувачи на МС, а истата ја изведуваат стручни лица инволвирани во материјално финансиското работење и логистиката. Наставата се изведува преку предавања, презентации, консултации, вежби, посета на логистички капацитети и практично применета работа.
Целта на овој курс е ракувачите на МС да се обучат во еднообразно и правилно работење во ракувањето со МС кои се на употреба во командите и единиците на АРМ. Слушателите на курсот ќе се обучат во постапките за: прием, сместување, чување и одржување, водење на документите во магацините за МС, следење на состојбата и нивното движење. Од стана на предавачите се врши и проработка на правилата и прописите со кои е регулирано работењето со материјалните книги, евиденциите и со техничката документација за МС кои се должат.