Активностите на вежбата „Seven stars 25“ во текот на оваа седмица паралелно ќе се одвиваат на две локации: во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес и на АП „Криволак“. Во Центарот за симулации во Велес, преку симулации на JCATS (Joint Conflict and tactical simulation enhancements), штабовите ќе решаваат и одговараат на зададени настани и инциденти. Во исто време, во деновите од 07.04. до 10.04.2025 година, декларираните единици во SEEBRIG од Командата за операции (пешадиска чета од 2. баталјон и инженериски вод од Инженерискиот баталјон) во теренски услови на АП „Криволак“ практично ќе постапуваат и реагираат на истите настани и инциденти креирани за време на планирачкиот процес за вежбата. На оваa компјутерски асистирана вежба припадниците на Армијата се распоредени на различни штабни позиции во рамките на мултинационалнaта бригата, како и на други функции во рамкитe на штабот на бригадата. Ангажираниот персонал од Армијата покажува високо ниво на професионализам во процесот на работата.
Сценариото на вежбата претставува измислена ситуација и модифицирана верзија на сценарија во постапките на штабот на бригадата во Процесот на донесување на воена одлука. Извршувањето на задачите во рамките на штабот, за персоналот од Армијата претставува надоградување на веќе стекнатите знаења од доменот на работните места и добра можност за промовирање на интероперативноста на штабните постапки и процедури во меѓународното опкружување.
Оваа вежба претставува уште еден доказ за нашата цврста и јасна посветеност во зајакнувањето на интероперативноста помеѓу сојузниците и партнерите, која бара исклучителна посветеност, обука, континуитет и секако доверба.