На ден 04.06.2024 година се реализираше посета на АП „Криволак“ од страна на генерал потполковник Скот Спелмон и бригаден генерал Џон Лојд од Вооружените сили на САД во рамки на вежбата „Resolute Castle 24“. На активноста присуствуваа и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански.
Целта на посетата беше обиколка на проектите кои се реализираат на АП „Криволак“ од страна на Вооружените сили на САД и припадниците од инженерискиот баталјон од составот на Првата пешадиска бригада, како дел од активностите на вежбата „Resolute Castle 24“, заедно со инженериските единици од Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка.
За време на посетата делегацијата имаше можност да види дел од досегашните активности кои се реализираат како дел од вежбата меѓу кои: модернизација на магацини за складирање на мети, бетонска платформа, подлога за перење, надградба и корекција на постоечките полетно слетни станици, парк за технички средства, патни правци и останати активности согласно активностите од вежбата, а со цел надградба на веќе постоечките и нови капацитети на АП „Криволак“.