На 30 Мај 2014 година Центарот за обука на вода (ЦОВ) го посетија 14 припадници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија од државите: НР Кина, Франција, Италија, Руска Федерација, Турција, Украина, Австрија, Чешка, Кралството Белгија, Хрватска, Грција, Полска и Словачка.
Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија за 2014 година.
Домаќин за време на посетата беше командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски.
За време на престојот во Центарот за обука на вода воените аташеа преку реализација на презентации се запознаа со мисијата, задачите, кратката историја, структурата на Командата за обука и доктрини и Центарот за поддршка на обуката како нејзин составен дел. Од презентираните содржини произлезе плодна дискусија и интерес за капацитетите на АП Криволак и неговото користење за обука од страна на странски армии од регионот.
По извршената обиколка и разгледување на расположливите сместувачки капацитети и инфраструктурата на ЦОВ доајенот на Асоцијацијата на одбранбените аташеа полковник Yildrim Osman Nuri во име на целата асоцијација на аташеата искажа огромно задоволство и благодарност за срдечниот прием и ангажираноста на домаќините за време на посетата.