Денес во Командата за обука и доктрини (КОД), во касарната „Алексо Демниевски Бауман во Велес, се реализираше посета од страна на тим од Обединетото Кралство, со цел согледување и анализа на потребите за обука и образование.
Во текот на реализација на посетата преку кратка презентација тимот се запозна со мисијата, основните задачи и структурата на КOД, а воедно се разговараше и за делот на обуката и вежбите во своите надлежности на оперативно и тактичко рамниште вклучувајќи го описот и процесот на обуката во сите сегменти во својот делокруг на одговорноста.
Како резултат на работната посета и разменетите искуства со цел продолжување на соработка, гостите изразија огромно задоволство од приемот во КОД и обезбедените услови за непречено реализирање на активноста.
С/Г