Припадниците на Командата за обука и доктрини заедно со слушателите од Борбено штабниот курс, кој е во тек, остварија посета на учениците со посебни образовни потреби во ПОУ „Маца Овчарова“ .
Целта на оваа активност беше посета на една од најранливите категории на ученици која беше од хуманитарен карактер, каде децата имаа можност да се запознаат со припадниците на Армијата. Во рамките на посетата беа подарени голем број на друштвени игри од едукативна и образовна намена, воедно децата имаа можност да ги покажат своите вештини и способности преку заедничка игра.
Овој вид на соработка ќе продолжи и во понатамошниот период, каде Командата за обука и доктрини ќе посети голем број на училишта и градинки во општина Велес.
Ц/В