Припадникот на Командата за обука и доктрини пфв Љубомир Спасиќ кој не само што е посветен професионалец во редовите во Армијата е исто така успешен репрезентативен кајакар. Тој уште еднаш ја покажа својата професионалност и посветеност со освојување на првото место на Европскиот куп во спуст на диви води во генерален пласман за 2019 година.
Во наредниот период го очекува настап на светското првенство во Шпанија на кое очекува пласман пред се во финалето со што директно би останал во борбата за медал.