Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод примопредавање на должност командант на Центарот за индивидуална обука (ЦИО) во Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на ЦИО од потполковник Мухамед Ибраими ја прими потполковник Виктор Еркиќ. Потполковникот Еркиќ Виктор досега ја извршувал должноста како Началник на штаб и заменик командант во баталјонот на Воена полиција. На свеченоста присуствуваа Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и претставници од Командата за обука и доктрини.
Командантот на КОД одржа пригоден говор во кој беа упатени честитки за работата на досегашниот командант потполковник Мухамед Ибраими како и за постигнатите резултати заедно со персоналот, во реализација на суштинските задачи во мисијата на ЦИО, а на новиот командант му посака да продолжи со успеси во извршување на задачите како што тоа го постигнуваа неговите претходници како и успешна реализација на предизвиците кои следат.
По одржаниот говорот на Командантот на КОД тој му даде збор на досегашниот командант на ЦИО каде тој во своето обраќање истакна дека заедно со целиот персонал од Центарот за индивидуална обука успеале да постигнат многу од поставените цели и покрај фактот што има уште многу за негово подобрување, и им се заблагодари на сите за професионалното однесување при реализација на истите.
И за крај следеше обраќање од страна на новиот командант на ЦИО потполковник Еркиќ Виктор каде изјави дека ние сме првата слика на Армијата за новопримениот персонал кој решил да гради војничка кариера и ние сме тие кои треба несебично да ја пренесеме стручната оспособеност на сите старешини и војници кои го усовршуваат своето знаење низ бројни курсеви кои се реализираат токму во овој центар.