Во период од 17.05 до 21.05.2021 година во Командата за обука и доктрини, со доследнo почитување на мерките за заштита од вирусот COVID -19, се реализираше работна средба со делегација од DЕЕP тимот, составен од претставници од Армијата на Унгарија и Словенија со претставниците на подофицерскиот кор на Армијата на Република Северна Македонија. На приемот на DEEP тимот во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ беа присутни заменик-командантот на КОД, полковник Стојанче Тодоров, главниот подофицер во Армијата и главниот подофицер на КОД и други подофицери од составот на КОД.
Целта на работната средба е усогласување на плановите и програмите за институционалната обука на подофицерите во Армијата. DEEP тимот се заблагодари за тригодишната соработка и утврди дека сите планови и програми се во согласност со НАТО критериумите и насоките од претходната соработка.
Исто така се вршеше ревизија на новиот план и програма за курсот за постари подофицери, кој како пилот курс за прв пат се планира да се реализира на почетокот на следната година. Соработката со DEEP тимот продолжува и понатаму со цел достигнување на посакуваните резултати и постигнување на дадените стандарди.