Во центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше свеченост по повод завршувањето на Напредниот курс за подофицери (НКПОФ).
За време на свеченоста, во своето обраќање, Командантот на ЦИО на подофицерите им го честита успешно завршениот курс и ја истакна нивната посветеност за време на наставата и им напомена, знаењата кои ги стекнаа за време на курсот, да ги пренесат во единиците од каде доаѓаат.
Низ процесот на обука на курсот, слушателите имаа можност да се запознаат и оспособат за изведување на борбени задачи со одделение-вод, почитувајќи ги стандардните процедури што се од суштинско значење за успешно извршување на мисијата. Се запознаа со системот за управување со процесот на обуката, со лидерството како основен елемент на борбената моќ на Армијата и воедно развија вештини на комуникација и презентирање.
На тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници, а на најдобриот слушател на курсот, за особено залагање и постигнати резултати, му беше доделена монета од Главниот подофицер на АРМ, која му ја додели Главниот подофицер на Командата за обука и доктрини.