Вчера, 26-ти Февруари, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) во Командата за обука и доктрини (КОД) се одржа свечен завршеток на Борбено штабниот курс за подофицери. Курсот започна на 28-ми Јануари со вкупно 18 подофицери од сите единици на АРМ.
На свечениот завршеток пригодно обраќање имаше застапникот на Командантот на ЦИО, мајор Оливер Велески, со кој подофицерите се обучени и оспособени за работа во штаб на ниво баталјон – бригада.
Низ процесот на обуката на курсот, слушателите имаа можност да се запознаат со организацијата на штаб на ниво баталјон – бригада, да ги научат функционалните должности и одговорности на штабните подофицери во штабот и да ја запознаат местото и улогата на подофицерите во процесот на донесување на воени одлуки на ниво баталјон – бригада.
Со завршетокот на Борбено штабниот курс, слушателите ги прошоирија стекнатите знаења, со кои полесно ќе се прилагодат на новите должности. На свеченоста беа доделени сертификати кој им ги врачи застапникот командант на Центарот за индивидуална обука мајор Оливер Велески.