По повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок од генерацијата „Јуни 2019 година“ во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – Велес се реализираше воена свеченост на која триесет и осмата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок дадоа свечена заклетва.
Во наредните три месеци 45 војници меѓу кои и 6 припаднички од понежниот пол, ќе се стекнуваат со знаење и вештини од основната воена обука во Центарот за индивидуална обука.
На свеченоста присуствуваа претставници од Генералштабот на армијата, претставници од Министерството за одбрана и претставници од командите и единиците на Армијата, претставници од локалната самоуправа, роднини на војниците и други гости.
Во своето обраќање командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Мухамед Ибраими на војниците им посака успех во обуката и им порача дека во наредниот период им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката. Исто така напомена дека нивниот труд ќе биде вреднуван и тоа ќе биде еден од елементите за понатамошна селекција за оние кои сакаат да ја изберат својата идна професија, како професионални војници и старешини во редовите на Армијата.
Г.С.