На ден 16.12.2014 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман “ во Велес пред командантот на Команда за обука и доктрини (КОД) полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб од командата, командантите на потчинетите единици и началникот на Центарот за странски јазици презентираа за состојбите во единиците, степенот на борбената готовност, состојбата со персонал, одржувањето на материјално-техничките средства, опремата и состојбата со вооружувањето за последното тромесечје во 2014 година.
За време на тромесечниот брифинг на обуката командантот на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) потполковник Ивица Цветковски одржа презентација за ВЕБ порталот на ЦПО и неговата намена. Со ВЕБ порталот на ЦПО единиците ќе добиваат навремени информации за капацитетите за обука на ЦПО и нивната зафатеност како и начинот на доставување барања за користење и добивање на сите потребни информации за понатамошна навремена координација.
Од страна на командантот на КОД беа дадени насоки со приоритети за реализација на активностите во сите единици на КОД за наредната година.