Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, согласно годишниот План за работа на команда за обука и доктрини, се реализира вториот полугодишен брифинг за обука, состојбата и поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на Армијата за 2019 година.
Пред Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и штабот од командата, командантите и началниците на потчинетите единици презентираа за состојбите во своите единици од областа на персоналот, одржувањето на материјално-техничките средства и опремата како и активности и достигнувања од делот на обуката.
Тежиштето на брифингот за обука е дадено на предизвиците со кои се соочуваа единиците во изминатиот период, предлозите за нивно надминување како и на приоритетните задачи кои ги очекуваат единиците во наредниот период.
Како заклучок на реферирањето констатирано е успешно извршување на мисијата на КОД, особено во делот на давање на поддршка на единиците на Армијата во доменот на обуката.
С/Г