На 19 август 2026 година, припадници на Артилерискиот баталјон од составот на 1. пешадиска бригада беа ангажирани во гаснење на пожарот во реонот на с. Чаниште, општина Прилеп.
Во ангажманот беше употребена и цистерна за вода. Припадниците на Армијата во справувањето со пожарот постапуваа професионално, одговорно и пожртвувано, доследно применувајќи ги пропишаните процедури и мерки за безбедност и лична заштита.
Нивната подготвеност за ваков вид ангажмани е резултат на континуираната обука и оспособување за постапување при природни непогоди и други кризни ситуации.
Армијата на Република Северна Македонија, во рамките на својата мисија и согласно Уставот и законите, останува подготвена за навремено и ефикасно ангажирање во поддршка на граѓаните и надлежните институции при справување со природни непогоди и други предизвици, секогаш кога тоа е потребно.








