На ден 07.05.2014 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) престојуваа членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија.
Во состав на делегацијата беа поголемиот број од резидентни и нерезидентни воени аташеа акредитирани во Република Македонија.
По остварената средба со Заменикот на командантот потполковник Роберт Малезански во салата за состаноци беше одржана презентација за воздухопловната бригада, на која присуствуваа началникот на Штаб во воздухопловната бригада полковник Заим Шкријељ, командантите на потчинетите единици на воздухопловната бригада како и началниците на секции.
Воените аташеа најпрвин беа информирани за актуелните активности во бригадата, како и за понатамошните планови за развој и модернизација на воздухопловите. По завршување на презентацијата следуваа прашањаод страна на воените аташеа и размена на искуства.