Во период од 28.09. до 07.10.2018 година на армискиот полигон (АП) „Криволак“, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ и кампот за обука „Пепелиште“ ќе се реализира билатералната вежба „Предизвик 18“.
Вежбата „Предизвик 2018“ е осма по ред од ваков вид, која на АП „Криволак“ заедно ја изведуваат припадници на АРМ и припадници на вооружените сили на Република Словенија. Во текот на вежбата ќе се реализираат боеви гаѓања на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „Игла С“ и боеви гаѓање на цели на земја со авион „Pilatus PC-9M“ и хеликоптер Ми-24.
Оваа година носители на вежбата се сквадронот на борбени хеликоптери и баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од воздухопловната бригада, а свое активно учество ќе земат и припадници од 1.механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка и баталјонот на воена полиција.
Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ и вооружените сили на Република Словенија, но и најдобар начин за промоција на можностите и капацитетите на АП Криволак пред останатите армии на земјите членки на НАТО.
ГИ/БН