На 20 ноември (среда) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец со почеток во 11.00 часот, пред Командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Павле Арсоски, во присуство на целокупниот штаб од 1.мпбр се одржа брифинг за борбената готовност на потчинетите единици.
Од страна на Командантите на потчинетите единици беше покажан степенот на борбената готовност на нивните единици, состојбата со персонал, одржувањето на материјално-техничките седства и опрема и состојбата со вооружувањето.
Согласно новата структура на силите на АРМ произлезен од континуираниот процес на реформи во одбраната, почитувајќи ја потребата за изградба на ефикасна, мобилна и способна Армија, која што ќе продолжи да го јакне добриот однос со земјите членки на НАТО. Таа има за цел да ја зголеми компатибилноста и интероперативноста со силите на НАТО, како во земјава така и надвор во мисиите каде што АРМ учествува веќе подолг период. Истовремено таа претставува еден дополнителен механизам за брз и ефективен одговор на сите евентуални современи предизвици, ризици и закани.
Во продолжение на годишната анализа од страна на Командантот и штабот на 1.мпбр се дадени смерници за понатамошна работа на потчинетите команди до крајот на тековната 2013 година и наредната година.