Во пресрет на одбележување на петгодишнината од влезот на Армијата во НАТО, припадниците од Првиот пешадиски баталјон (1.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), денеска реализираа хуманитарна акција во донација на основни средства за работа, канцелариски прибор и ТВ приемник.
Собраните средства од хуманитарната акција беа предадени на претставниците од Дневниот центар за лица со посебни потреби од Општина Кичево.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.
Хуманитарни акции во наредниот период ќе се реализираат и во останатите единици од составот на 1.пбр.
ГЃ/ДЧ