Во пресрет на одбележување на петгодишнината од влезот на Армијата во НАТО, припадниците од Третиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), реализираа хуманитарна акција.
Во Здружението за слепи и слабовидни лица од Тетово беа донирани звучни шаховски табли и преносен персонален сметач.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.
ГЃ/ДЧ