По повод патронатот на касарната ,, Јане Сандански“ во Штип, денеска припадниците на Вториот пешадиски баталјон (2.пб), од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), реализираа хуманитарна акција.
Во ООУ„Ванчо Прке“ во Штип беа донирани дидактички материјали за доопремување на сензорната соба наменета за ученици со попреченост.
За хуманиот гест на припадниците од 2.пб од страна на ООУ„Ванчо Прке“ им беше доделена благодарница.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.
Соработката на Армијата и локалната заедница отсекогаш била на високо ниво и така ќе продолжи во иднина.