Денес во посета на командата на 1.пешадиска бригада (1.пбр), беше командантот на SEEBRIG (Бригада на Југоисточна Европа), бригаден генерал Билбил Битри, кој беше примен од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
На средбата се разговараше за придонесот кој го дава 1.пбр со своите декларирани единици во бригадата и планираните активности.
Воедно командантот на SEEBRIG беше запознат и со подготвеноста на декларираната единица од 1.пбр во составот на SEEBRIG, а беше нагласена и потребата за продолжување на успешната соработка во наредниот период, како и за учеството на единици од 1.пбр на вежбата „Seven Stars 2025“ во текот на следната година.
ГЃ/ДЧ