Согласно Годишниот план за обука за 2019 година, припадниците на Здружената оперативна команда (ЗОК) реализираа заедничка практична форма на обука со кондиционен марш со персоналот од ЗОК и командантско извидување со клучниот персонал од ЗОК. Командата и штабот на ЗОК ја предводеше началникот на штаб во ЗОК, полковник Бесник Емини.
Целта на оваа активност беше да се извиди просторот и да се согледаат неговите воено-географски карактеристики, тактички услови како и просторните ограничувања кои влијаат на проценката и организација на борбени дејства.
На практичната работа по работните точки за началниците на секциите беше извршена географска и тактичка ориентација на теренот, земјиштето и неговите карактеристики и начинот на содејство и координација со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем на Република Северна Македонија.
Ваков вид на форма на практична обука редовно се изведува во Командите и штабовите на единиците со цел проверка и подобрување на физичката подготвеност, запознавање на теренот, населените места, стратегиско-тактиките правци на територијата на Република Северна Македонија и обука и надградба на командниот кадар.
ЧС/БН