Согласно годишниот календар за обука на командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), клучниот персонал од командата и штабот со командантите и командирите на потчинетите единици, реализираа командантско извидување на просторот во западниот дел на државата во реон на Радика и Св.Наум.
Целта на оваа активност беше извидување и запознавање на просторот, како дел од обуката за тактичко планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, организација на одбраната и начинот на содејство и координација со останатите субјекти на тактичкиот оперативен правец.
Во рамки на командантското извидување, беше реализиран и месечен состанок на командантот на 1.пбр со командантите и командирите на потчинетите единици, за состојбата тековните задачи во единиците.
ГЃ/ЧС/БН