Согласно годишниот план за работа и годишниот календар за обука на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), припадниците од командата и штабот на 1.мпбр, во рамките на активностите и задачите за одржување на психофизичката подготвеност и воено стручна оспособеност, реализираа кондиционен марш и подготвителни гаѓања.
За одржување на кондицијата на потребното ниво, со припадниците на 1.мпбр беше реализиран кондиционен марш до стрелиштето во касарната Чојлија. Делницата беше помината во предвиденото време, согласно поставените стандарди за физичката подготвеност во Армијата.
По пристигнување на стрелиштето „Чојлија“ беа реализирани подготвителни гаѓања на реден број 1 и 2 со личното вооружување, со што уште еднаш практично ја покажаа нивната професионалност, подготвеност и висока обученост.
ГЃ/ЧС/НЈ