На 20 октомври 2026 година, согласно Календарот за обука на Командата за операции за 2026 година, старешините и цивилниот персонал од составот на командата реализираа кондиционен марш во поширокиот реон на Куманово.
Целта на активноста беше одржување и унапредување на психофизичката подготвеност, физичката издржливост и работната кондиција на персоналот, како важни предуслови за ефикасно извршување на поставените задачи.
Во текот на маршот, учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со природно-географските карактеристики на теренот во поширокиот реон на Општина Старо Нагоричане, како и со особеностите на просторот долж предвидената маршрута.
Реализацијата на ваквите плански активности претставува значаен придонес кон континуираното одржување на физичката подготвеност, зајакнувањето на тимскиот дух и развивањето на колективната одговорност кај персоналот на Командата за операции.
Со спроведување на кондициониот марш, Командата за операции продолжува со реализација на активностите предвидени во годишниот календар за обука, насочени кон одржување на потребното ниво на подготвеност и исполнување на мисијата и задачите на Армијата.








