Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше реализирано месечно реферирање од страна на командантите на првопотчинетите единици од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) пред командантот на бригадата, бригаден генерал Сашко Лафчиски за реализацијата на плановите и задачите во изминатиот период, како и за тежишните задачи за периодот кој претстои. Генералот Лафчиски заклучи дека со максимално ангажирање на персоналот од 1.пбр и потчинетите единици, степенот на извршувањето на задачите и активностите кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за наредниот период.
На активноста за клучниот персонал од составот на 1.пбр се реализираше и презентација на новите лесни оклопни возила (ЛОВ – JLTV), како дел од процесот за модернизација на Армијата, на која присуствуваше и новопоставениот шеф на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, потполковник Шон Руфоло.
Како дел од активноста се реализираше и тактичко-топографска ориентација и запознавање со реонот на Лесново, Пробиштип.
ГЃ/СЛ