Во касарната „Илинден“ во Скопје, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК), за статусот на борбената готовност за месец јануари 2019 година.
Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите и задачите и активностите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз борбената готовност на единиците.
На реферирањето, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштитата на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите, буџетирањето и цивилно – воената соработка.
Од страна на командантите на првопотчинетите единици беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката како и условите за живот и работа.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека со максимално ангажирање на персоналот од ЗОК и потчинетите единици, степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец февруари 2019 година.
ЧС/ИМ/ПА