Во текот на денешниот ден, согласно Планот за обиколка на командите и единиците на Армијата од страна на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), која од 26.08.2020 година се наоѓа во касарната „Боро Менков“ во Куманово, реализираше посета на вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на првата пешадиска бригада (1.пбр).
Претставниците од СЕЕБРИГ ги предводеше командантот на бригадата, бригаден генерал Евангелос Митроцикос беа пречекани од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и заменикот на командант на 2.пб, потполковник Митко Попов.
На брифингот присутните беа запознаени со мисијата на единицата, структурата и капацитетите на единицата, искуствата од последното оценување и процесот на трансформација и модернизација на единицата.
Како дел од активноста претставниците од СЕЕБРИГ извршија обиколка на декларираната пешадиска чета од вториот пешадиски баталјон во составот на СЕЕБРИГ и беа презентирани способностите на единицата на тема: „Мобилна контролна точка“.
ГЃ/СЛ