Во период од 19-24 април 2017 година на Армискиот полигон Криволак дел од декларираните единици во СПБГ(средна пешадиска баталјонска група) , (1.спч и Мфб 120 мм), извршија стационарно логорување и реализација на програмски гаѓања. За време на логорувањето беа реализирани ТВБГ(Тактичката вежба со бојно гаѓање) со вод и чета како и АБГ (артилериско боево гаѓање) со вод и батерија.
Овие гаѓања се изведуваат во рамките на подготвителната обука за претстојнато реоценување НАТО оценувањето Ниво-2, на декларираните единици во СПБГ воедно беше идеална прилика за согледување на подготвеноста на декларираните единици кои се во составот на СПБГ. Деновите на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и синхронизираност на единиците на бојното поле, што беше демонстрирано со артилериска подготовка од Мфб 120 мм и уништување на целите од страна на пешадиските единици. За реализација на вакви гаѓања потребно е висок професионализам, увежбаност и добра координација и кондиција, таква каква што покажаа припадниците од 1.спч и Мфб 120 мм за време на реализација на гаѓањето.