Во период од 22.09 до 24.09.2015 година во организација на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира тактичка стручна вежба „Електрон 2015“ на која учествуваа припадници на секциите од командите и единиците за врски и комуникациско информациски системи (КИС) од ЗОК и потчинетите команди и единици.
Вежбата се реализира на повеќе издвоени локации во зоната на одговорност на ЗОК каде беа стационирани комуникациско информатички центри (КИЦ) на командните места на командите и единиците.
Цел на вежбата „Електрон“ е согледување на функционалноста на КИС на АРМ во реални ситуации и растојанија, како и увид во извежбаноста и оспособеноста на единиците, персоналот и расположивите материјално технички средства во спроведување на доделените борбени и неборбени задачи.
Реализираната вежба даде јасна слика за капацитетите и можностите со кои располагаат командите и единиците во обезбедување на комуникациско информациска поддршка на командите во АРМ со што се согледа и потврди нивото на достигнатата борбена готовност и успешно извршување на мисијата на единиците на врски во ЗОК.
Функционирањето на врските е еден од главните сегменти и главен крвоток за поддршка на командувањето и контрола помеѓу командите и единиците во АРМ во мирновремени услови, елементарни непогоди, криза и војна.