Во период од 10.03 до 14.03.2014 година на спортскиот полигон „Аџитепе“ во Куманово се одржа кондицирање и обука на персоналот за ракување со беспилотното летало „РАВЕН“ кој е дел од новопримената опрема во АРМ.
Во обиколка на обуката на ден 13.03.2014 година беа командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Павле Арсоски.
Обуката беше извршена успешно и притоа беа реализирани стандардни процедури пред употреба, лансирање од рака, мануелно управување, автоматско слетување и стандардни процедури по употреба. На обуката учествуваа претставници од оклопно извидувачките водови од 1. и 2.механизиран пешадиски баталјон (1.мпб и 2.мпб) од составот на 1.мпбр.
Беспилотното летало „РАВЕН“ е најшироко користено беспилотен авионски систем во светот денес и во АРМ е од Август 2013 година. Равен може да се управува рачно или да се програмира за автономна работа, користејќи прецизна GPS навигација. Равен обезбедува антенско набљудување во денот или ноќта до 10 километри.