Припадниците на декларираната чета на баталјонот на Воена Полиција, во периодот 10.09-14.09.2018 година, согласно планот за билатерална соработка за обука од областа на одбраната, помеѓу Вооружените Сили на Република Италија и Армијата на Република Македонија, во касарната „Илинден“ реализираат обука од областа за справување со толпа (демонстранти).
Обуката е реализирана од страна на инструкторски тим, припадници на Вооружените сили на Република Италија.
Пред почетокот на практичната обуката, беше реализирана информативна презентација за структурата, улогата и значењето на единицата во Армијата на Република Македонија, како и реализација на ТТ збор на опремата и материјално техничките средства со кои располага и работи баталјонот на Воена Полиција.Во обраќањето пред присутните, командантот на едиицата, потполковник Кире Николовски им посака добредојде на инструкторскиот тим во единицата и успешна реализација на обуката.
Целта на оваа обука е припадниците на баталјонот на Воена Полиција, тимски да се оспособат, извежбаат и обучат во тактики и процедури на организирање и планирање, кои се применуваат при реализирањето на овој вид обука.
Со планот за обука се реализираат следните теми: Опрема и средства за справување со толпа и индивидуални техники, Статични формации на ниво на одделение/вод, Формации при движење на одделение/вод, Постапки при промена на формaции и други.
ДГ/КН/ЧС/БН