Припадниците на оклопно извидувачките водови во првопотчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада, реализираа обука во зимски услови во време од 30.01. до 03.02.2017 година.
Согласно годишниот план, обуката беше подготвена и реализирана од страна на командирите на одделенија во оклопно-извидувачките водови, кои во досегашната нивна кариера со учество на разни стручни курсеви и семинари, имаат стекнато потребно знаење и искуство во справувањето со препреките и преживување во екстремни зимски услови.
Цел на обуката беше стручно оспособување и извежбување на припадниците на извидувачките водови, во организацијата и извршувањето на борбени задачи во зимски услови, движење во снег, совладување на снежни пречки со формациски и прирачни средства, изработка на објекти за престој во планина во зимски услови, давање на прва помош при различни ситуации во планински и услови на ниски температури, движење со скии и управување и користење на моторни санки.
Во склоп на обуката за движење во длабок снег, војниците-извидувачи на 1.мпбр, реализираа и тактички марш на терените со висока снежна покривка.
За време на обуката, припадниците од единиците практичко ја демонстрира високата обученост и психофизичка подготвеност за извршување на задачи во сложени временски зимски и планински услови.
Обука во зимски услови со припадниците на баталјонот на Воена Полиција
Во истиот период на полигоните за обука и припадниците од баталјонот на воена полиција (бВП) успешно реализираа ваква обука во зимски услови.
Обуката која се реализира како дел од планираните вежбовни активности имаше за цел припадниците на бВП да се обучат за извршување на задачи во зимски екстремни временски услови.
Обуката се состоеше во изработка на објекти за престој во планина во зимски услови, движење низ снег и други активности при што ја потврдија подготвеноста за извршување на задачи во зимски период.