Во периодот од 10.02. до 05.03.2025 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип и на полигонот за обука „Пенуш“, се реализираше обука со инструктори од ВС на Обединетото Кралство (ОК). Обуката беше со тим од инструктори за врски (Specialist instructors training Team), а беше наменета за припадниците од 2.пешадиски баталјон (2.пб) и припадниците од составот на четата за воено разузнавање од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр).
Обуката со инструктори од ВС на ОК е дел од циклусот за специјализираната обука во делот на обуката за радио комуникации за лесни извидувачки единици (Signals training for Light Reconnaissance), за припадниците во формацијата на лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), кои во изминатиот период покрај оваа обука реализира и останати обуки од офанзивни и дефанзивни операции со тимови од ВС на ОК.
Обуката е дел од планот за развој на интероперабилноста на единиците од составот на 1.пбр, со цел да се обезбеди координација и командна ефикасност при употреба на радио уредите, користење на НАТО гласовни процедури во комуникацијата и известување по НАТО стандардизирани извештаи.
Во текот на обуката фокусот беше ставен на практично извежбување кое ќе овозможи правилна употреба на врските и зголемена ефикасност во користењето на тактиките и процедурите во извршувањето на доделените задачи.
Во обиколка на наведената обуката беа Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
Притоа, присутните ги проследија завршните активности од обуката, а имаа можност да ја видат обученоста и подготвеноста на персоналот за извршување на овој вид на задачи.
Учесниците покажаа висока мотивираност и посветеност во реализација на задачите, а по завршување на обуката им беа доделени сертификати.
ГЃ/ДЧ