Во касарната „Мирче Ацев“во Прилеп, со воена свеченост припадниците на артилерискиот баталјон (артб) го одбележаа 10. Април-Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа: командантот на Команда за операции, бригаден генерал, Бесник Емини, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал, Сашко Лафчиски, команданти на единиците на Армијата, поранешни команданти на единици, претставници од Сојузот на борци, градоначалници на општините во регионот, претставници од јавниот и бизнис сектор во регионот и локалните медиуми.
Пред присутните со пригоден говор се обрати командантот на артб, потполковник Славчо Кузманоски, кој се осврна на историјатот на единицата, на реализираните активности и постигнатите резултати на единицата во изминатиот период.
Командантот на 1.пбр, бригаден генерал, Сашко Лафчиски им го честиташе Денот на единицата со желба за лично здравје на припадниците на артб и нивните семејства.
По повод денот на единицата беа доделени стимулативни мерки на припадниците на баталјонот, а водот со кој командува потпоручник Моника Митревска беше прогласен за најдобар вод и го доби преодниот пехар и знаменцето на единицата.
Во пресрет на 10. Април – Денот на единицата, припадниците на артилерискиот баталјон реализираа бројни активности: спортски натпревари, крводарителска акција и изложба на вооружување и опрема.