Припадниците на 4. пешадиски баталјон (4.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски-Даме, чие име го носи касарната во Кичево, со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата.
На свеченоста присуствуваше командантот на 1. пбр, полковник Бесник Емини со дел од штабот и командантите на потчинетите единици на 1.пбр.
Командантот на 4.пб, потполковник Горан Трајаноски, во своето обраќање по повод одбележувањето на патронатот на касарната, зборуваше за животен пат и делото на народниот херој Чеде Филиповски-Даме.
Во рамки на одбележувањето делегации од командата на 1.пбр и 4.пб положија свежо цвеќе пред бистата на НХ Чеде Филиповски-Даме.
Припадниците на 4.пб ја продолжуваат традицијата, секогаш оддавајќи им почит на оние кои со својата храброст, младост и живот ја пишуваат нашата историја.
ГЃ/ЈМ/БН