Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска 26 мај, пред спомен-обележјето на трагично загинатиот постар водник Зоран Јованов, беа одбележани 22 години од неговото загинување.
Постариот водник Зоран Јованов е роден на 13 февруари 1972 година во Скопје. Беше оженет и татко на едно дете, Адријан. Целата негова војничка кариера ја поминал во специјалните единици, најпрво во тогашната ЈНА, а потоа и во Армијата. Во текот на службата работеше како падобранец, а подоцна и како инструктор по падобранство во состав на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“.
Во знак на почит кон неговото дело и жртва, свежо цвеќе пред спомен-обележјето положија претставници од Командата за операции, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, Баталјонот за специјални сили и другите единици стационирани во касарната „Илинден“, како и неговиот син Адријан, братот Јове, роднини и пријатели.
Постариот водник Зоран Јованов го загуби животот на 23 мај 2004 година, на 32-годишна возраст, на спортскиот аеродром „Коњари“ кај Прилеп, при изведување на неговиот 298-ми падобрански скок, кој воедно бил и негов последен.








