Денес во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, полковник Бесник Емини, команданти на останатите единици на Армијата, поранешни команданти и пензионирани припадници на единицата, претставници од локалната самоуправа, владини и невладини организации, сојузи, здруженија, верски заедници, претставници на медиумите и други гости, кои со своето присуство го збогатија овој настан.
По повод денот на единицата, командантот на 3.мпб, потполковник Изеир Ејупи во своето обраќање истакна: „Денес одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна држава, а денешната свеченост е уште една можност да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела“.
По повод денот на единицата беа доделени поголем број на стимулативни мерки, унапредени и наградени се старешини и војници, додека за најдобар вод од 3.мпб е прогласен 1.огнен вод од составот на минофрлачката батерија 120мм. На крај се реализира свечено дефиле на дел од опремата и вооружувањето со кој располага единицата и културно-уметничка програма.
Со одлука на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 27 ми август е прогласен за „Ден на 3.мпб“ во чест и сеќавање на традициите од 15-та Поречка ударна бригада, која била формирана на овој ден во далечната 1944 година.
ГЃ/ЧС/НЈ