Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на Денот на баталјонот за Против воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр).
На свеченоста присуствуваа претставници на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), воздухопловната бригада, 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), началници на секции и команданти на потчинетите единици на вбр, поранешни команданти и припадници на бПВО и други гости.
Обраќања пред присутните имаа Заменикот на командантот на бПВО, мајор Шабан Рамадан и Началникот на Штаб на воздухопловната бригада, полковник Зоран Илиев кои истакнаа дека припадниците на бПВО со својот труд, професионален однос, лојалност и одговорност при извршување на поставените задачи, покажаа дека бПВО е високо организирана и функционална единица која постигнува резултати за почит.
Пред стројот беа прочитани честитки до припадниците на баталјонот, унапредувања во повисок чин и стимулативни мерки по повод празникот. Воедно командна батерија беше прогласена за најдобра единица од составот на бПВО.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 12-ти септември е одреден за Ден на бПВO, денот кога е истрелана првата ракета земја-воздух.
ГИ/ЧС/БН