Во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост припадниците на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) и останатите единици сместени во касарната, го одбележаа 25 февруари- патронатот на касарната.
На одбележувањето присуствуваа делегација од командата и штабот на 1.пбр, преводена од командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, делегација од 3.пб, претставници на Сојузот на борци од градот Тетово, претставници на Сојузот на борци од градот Гостивар делегација од одбор на бранители, делегација на резервни офицери делегација на пензионери од Тетово, сојуз на трудови инвалиди и делегација од Музеј на Град Тетово кои со полагање на свежо цвеќе му оддадоа почит на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.
Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово одржа командантот на 3.пб, потполковник Игор Станковски, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.
Претходно, по повод овој ден, во касарната беше спроведена крводарителна акција од страна на вработените во гарнизон Тетово, при што беа дарувани 49 единици крв.
ГЃ/СЛ