Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Народниот Херој Страшо Пинџур во Петровец од страна на делегации предводени од командантот на здружена оперативна команда бригаден генерал Зоран Милески, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригадeн генерал Mирче Ѓоргоски, командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт Малезански, претставници од општина Кавадарци, Музејот на градот Кавадарци, Здружението на борците на Република Македонија и на град Скопје, се одбележа патрониот ден на касарната.
На одбележувањето на патрониот ден на касарната, претставник од Музејот на Кавадарци, г-ѓа Марија Михова, пред персоналот на касарната во Петровец одржа час за животот и делото на народниот херој Страшо Пинџур.
Свое обраќање имаше и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, кој меѓу другото истакна дека припадниците на АРМ се задолжени да ги почитуваат делата и дадените животи на многу борци за слободна и независна Македонија.
Животот и делото на Страшо Пинџур е длабоко врежан не само во пишаните документи и материјали туку и во свеста и паметењето на македонскиот народ а посебно на луѓето од тиквешкиот крај.
Во рамките на обележувањето на патронатот на касарната, на ден 05.01.2017 година, претставници на командата и штабот на 1.мпбр ќе ја посетат спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во селото Ваташа-Кавадарци.